Пејачот Александар Тарабунов повторно привлече внимание на социјалните мрежи, но овојпат не со нова песна, туку со интересна објава на Инстаграм.
Тој напиша: “Сакаш да те здиплам?” покрај фотографија со уредно здиплени алишта. Оваа порака создава бројни прашања – дали се работи за шала поврзана со домаќинските обврски или зад неа се крие нешто подлабоко?
На кого е упатена оваа порака? Дали е потребно некој да се загрижи или Тарабунов само сака да покаже дека добро се справува со домашните задачи? Судејќи по неговите објави од вчера, тој имал многу продуктивен ден, готвел, читале книги и се посветил на средување на алиштата.
Дали ова е само хумор или, всушност, зад прашањето “Сакаш да те здиплам?” стои некаква скриена порака? Тарабунов засега не дава дополнителни информации, па останува да видиме дали ќе има продолжение на оваа интересна приказна.


