Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно се истакна со својот моден избор, покажувајќи дека стилот не е само за модните писти.
Димитриевски, познат по впечатливите комбинации и интересот за висока мода, ја сподели својата нова фотографија на која се гледа голема чанта, што дополнително го истакнува неговиот изглед. Додека кај жените чантите веќе се неизоставен елемент, кај мажите ова парче сè уште предизвикува различни реакции. За некои, тоа е практичен и модерен избор, додека други не го сметаат за редовен дел од машките комбинации.
Питањето е дали е време да се разбијат предрасудите дека чантите се исклучиво женски моден додаток? Со глобалната мода која продолжува да ги поместува границите, машките колекции се сè почесто вклучуваат чанти во различни форми и големини, кои се интегрираат во целокупниот стајлинг.
Јасно е дека Столе не се плаши да експериментира. Неговата голема чанта повторно отвори дебата: дали мажите со чанти се новиот моден тренд или сè уште постои табу кое тешко се пробива?


