Памела Андерсон повторно привлече внимание со својот моден избор на црвениот тепих на гала-вечерта во Музејот на Академијата во Лос Анџелес. Актерката, која има 59 години, се одлучи за изглед инспириран од модата на 50-тите години, што потсетува на легендарната Мерилин Монро.
Нејзината фризура во ретростил, кошулата со јака и здолништето со широк крој создадоа впечатлива комбинација, која го привлече вниманието на присутните. Канадската ѕвезда повторно покажа дека знае да експериментира со модата и да избере изглед што се издвојува на црвениот тепих. Нејзиното појавување предизвика интерес кај љубителите на модата, кои со нетрпение очекуваат да видат со каква комбинација ќе ги изненади следниот пат.


