in

50 години кариера, огромен интерес и концерт на Весна Змијанац на 28 ноември во арената “Борис Трајковски”!

Весна Змијанац со свои пет децении кариера и многубројни хитови ќе одржи голем концерт во Скопје на 28 ноември, во рамките на нејзината “Golden Tour – 50 години кариера”.

Концертот првично беше закажан во арената “Јане Сандански”, но поради големиот интерес од публиката, настанот е преместен во арената “Борис Трајковски”.

Иако локацијата се промени, датумот останува ист, а посетителите кои веќе купиле билети за старата локација можат да бидат сигурни дека нивните билети важат и за новата.

Незаборавната Весна Змијанац е почитувана на македонската естрада, а нејзиниот концерт во Скопје е повеќе од очекуван. Многу пејачи ја покажуваат својата почит и восхит кон неа, а со нетрпение ја очекуваат оваа голема музичка вечер.

Да потсетиме, продажбата на билети продолжува преку Kupikarta.com, а Скопје се подготвува за спектакл полн со емоции и хитови од богатата кариера на Весна Змијанац.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Денеска е голем православен празник: Верниците го одбележуваат споменот на Светите четириесет битолски преподобномаченици

Тешка железничка несреќа во Шпанија: 30 загинати во судир на два брзи воза