Ема Камчевска сподели занимливо видео со Јанг Дади, кое веднаш го привлекло вниманието на публиката. Во видеото, двајцата се прегрнати и се подготвуваат за бакнеж, додека во позадина свири новата песна на Јанг Дади.
Пораката што Ема ја додаде на видеото, „IT’S ALWAYS YU“, дополнително ја зголеми интригата, затоа што „YU“ е насловот на неговата нова песна, што делува како да искаже симпатична порака кон него.
Сцената станува уште поинтересна на крајот, кога во моментот пред бакнежот, метро поминува низ кадарот и го покрива нивниот близок момент, што додава комичен ефект на целата ситуација.


