Прашањето која земја има најубави жени секогаш предизвикува различни одговори. Туристичката платформа „Mytour“ објави листа на 20 земји, рангирани според убавината на жените, која се базира на уредничка проценка.
На врвот на листата се наоѓа Русија, а веднаш зад неа следуваат Венецуела и Индија. Аргентина се рангира на четвртото, додека Србија на петтото место.
Во првите десет на листата се уште Шведска, Колумбија, Франција, Италија и Холандија. Соединетите Американски Држави се на 11. позиција, додека Украина ја затвора листата на 20. место.
Во втората половина на листата се најдоа и Канада, Данска, Обединетото Кралство, Австралија, Филипините, Јужна Кореја, Турција и Бразил.
Важно е да се напомене дека ова рангирање не е резултат на научно истражување или анкета, а платформата не обезбедува конкретна методологија или статистички податоци за позиционирањето. Станува збор за уредничка проценка и забавна содржина, бидејќи убавината е субјективна категорија која не може објективно да се измери.


