Познатиот македонски YouTuber, Никола Поповиќ, ги привлече вниманието на своите фанови со новите фотографии од Барселона, но овојпат не со туристичките атракции, туку со таинствената девојка со која поминува време.
На објавените фотографии, Никола е забележан во близина на непозната девојка, со која разменува нежности и бакнежи. Ова веднаш поттикна многу прашања и шпекулации за нова љубов во неговиот живот. Дополнително, девојката е затскриена зад емотикон, што ја зголемува мистеријата околу нејзиниот идентитет.
Дали станува збор за сериозна љубовна врска или само романтична авантура за време на престојот во Барселона? Има ли шанса мистериозната убавица да биде Шпанка или Македонка? За сега, Никола не се изјаснува за детали, па останува нејасно дали ќе ја открие идентиетот на девојката или ќе продолжи да ја чува тајната.
Единствено е сигурно дека фотографиите предизвикаа интрига, а многумина се запрашуваат: која е девојката што успеа да го освои вниманието на Никола Поповиќ?


