in

Весна Змијанац на 28 ноември ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“

По три распродадени арени и огромен интерес од публиката, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем концерт во рамките на турнејата „Golden Tour – 50 години кариера“.

Концертот првично бил најавен во арената „Јане Сандански“, но поради големата заинтересираност на љубителите на музиката, настанот е преместен во арената „Борис Трајковски“.

Датумот останува ист – 28 ноември, а сите што веќе купиле билети за првичната локација можат да ги искористат и за концертот во „Борис Трајковски“.

Весна Змијанац има пет децении музичка кариера и зад себе има бројни хитови што со години се дел од репертоарот на различни генерации. Настапот во Скопје ќе биде дел од големата турнеја со која го одбележува својот 50-годишен сценски јубилеј.

За оние што сè уште не си набавиле билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември Скопје го очекува вистински музички спектакл – вечер исполнета со познати песни, емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите регионални пејачки.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

IShowSpeed третпат по ред ја освои титулата „Стример на годината“

Мирковиќ незадоволен од рочиштето за нападот во Загреб; пресудата е закажана за 14 декември