in

Фернандеш ја одби и втората понуда на Манчестер Јунајтед за нов договор

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одбил и втората понуда на клубот за продолжување на соработката, со што повторно се отвораат прашањата за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

Според медиумските информации, португалскиот репрезентативец не бил задоволен од финансиските услови што му биле понудени. Тој претходно ја одбил и првата понуда, па засега преговорите меѓу двете страни не донеле конкретен напредок.

Фернандеш има важечки договор со Јунајтед до јуни 2027 година, а клубот има можност да ја продолжи соработката за уште една сезона. Сепак, ако не се постигне договор, од јануари 2027 година тој ќе може да разговара со клубови надвор од Англија за можен трансфер како слободен играч во летниот преоден рок.

И покрај досегашните несогласувања, разговорите не се прекинати. Манчестер Јунајтед сака да го задржи својот капитен, но останува да се види дали ќе успее да понуди услови што ќе одговараат на неговите барања.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мирковиќ незадоволен од рочиштето за нападот во Загреб; пресудата е закажана за 14 декември