in

Насилство во Охрид: Девојка била брутално претепана, напаѓачот мислел дека е мртва

Во Охрид синоќа се случил вознемирувачки инцидент со физичко насилство, при што била брутално претепана девојка, која по нападот била оставена на местото на настанот.

Според информациите до кои дошла редакцијата, девојката била нападната од момче, а по суровото малтретирање тој ја оставил без помош, уверен дека таа е мртва.

За среќа, девојката го преживеала нападот, но поради сериозноста на повредите итно била хоспитализирана и задржана на болничко лекување.

Случајот е пријавен во полиција, а се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои се случило насилството, мотивите за нападот и за здравствената состојба на повредената девојка.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност што ги искачила сите 14 врвови над 8.000 метри

Хаос на американските аеродроми: Над 900 откажани летови, проблемите продолжуваат и денеска