Македонија доби уште едно големо светско признание. Кардиологот, професор и алпинист Сашко Кедев е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност во светот што ги искачила сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.
Овој подвиг го заокружил на 20 јули 2025 година, кога го искачил Гашербрум I, висок 8.080 метри, во Пакистан. Во тој момент Кедев имал 63 години и 14 дена, со што го поставил рекордот во оваа категорија. Неговото алпинистичко патување започнало со искачувањето на Монт Еверест на 19 мај 2009 година, а до сите 14 највисоки врвови во светот стигнал по повеќе од 16 години.
На списокот на освоени планини се Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шиша Пангма, Брод Пик, Гашербрум II и Гашербрум I.
Ова не е единствениот рекорд на македонскиот алпинист. Кедев е и најстарата личност што ги искачила сите 14 осумилјадници, како и највисоките врвови на сите седум континенти. Вториот голем предизвик го завршил во 2011 година, кога го искачил Пункак Џаја во Океанија.
Со овој успех, Сашко Кедев уште еднаш го истакна македонското име на светската сцена и оствари подвиг што претставува голема гордост за земјата.


