Холивудската ѕвезда Ен Хатавеј има нова семејна радост, бидејќи таа и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија третото дете.
Веста привлече големо внимание откако актерката беше фотографирана во Њујорк за време на прошетка со новороденчето, а снимките и фотографиите брзо се проширија во медиумите и предизвикаа интерес кај нејзините обожаватели низ светот.
Ен и Адам се во брак од 2012 година и веќе ги имаат синовите Џонатан и Џек. Со доаѓањето на новиот член, нивното семејство доби уште една причина за радост.
Актерката првпат јавно проговори за третата бременост во јуни, кога на социјалните мрежи сподели објава и фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.
Иако јавноста е насочена кон нивното семејство, Хатавеј и Шулман засега не открија никакви детали за новороденчето, меѓу кои се и името и полот.
Покрај приватната среќа, Ен има и многу активен професионален период. Таа работи на повеќе големи филмски проекти, меѓу кои се продолжението на култниот „The Devil Wears Prada“ и филмот „The Odyssey“.


