in

Силен земјотрес ја погоди Романија: две лица се повредени, а шестмина се пренесени во болница

Романија ја погоди силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала во ноќта меѓу вторникот и средата. Потресот предизвика вознемиреност кај населението, а романските служби соопштија дека две лица се повредени во инциденти поврзани со тресењето на тлото.

Земјотресот се случил на 18 ноември, во 02:48 часот по локално време, во сеизмичката зона Вранча, на длабочина од 120,8 километри, соопшти Националниот институт за истражување и развој во областа на физиката на Земјата.

Според романскиот Инспекторат за вонредни ситуации, во округот Галац биле пријавени девет повици на бројот за итни случаи 112. Шест лица биле однесени во болница: петмина поради напади на паника, а едно лице поради напад на паника и повреда на главата.

Во округот Бузау биле пријавени уште два случаи. Едно лице добило напад на паника, а друго било погодено од парче мебел што паднало за време на земјотресот.

Потресот се почувствувал во повеќе делови од земјата. Епицентарот бил околу 48 километри јужно од Фокшани, 61 километар од Бузау и 74 километри источно од Брашов.

Надлежните служби извршиле проверки во повеќе окрузи, како и во Букурешт. Според официјалниот извештај, на теренот не е утврдена материјална штета.

Ова е најсилниот земјотрес регистриран во Романија од октомври 2018 година, кога земјата беше погодена од потрес со магнитуда од 5,8 степени.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Нови детали за инцидентот на ГАК: на бебе му бил ампутиран дел од палецот, по што било оперирано под анестезија

Инцидент на ГАК во Скопје: на новороденче старо два дена му бил отсечен дел од прст при вадење инфузија