Љубовта меѓу германската манекенка Хајди Клум и музичарот Том Каулиц и по седум години во брак изгледа посилна од кога и да е. Двојката повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, откако 53-годишната манекенка објави интимни моменти со својот сопруг, кој во моментов е на европска турнеја со бендот „Токио Хотел“.
Клум на „Инстаграм“ напиша: „Како ви оди турнејата на Tokio Hotel?“, а објавата ја придружи со емотикони со бакнежи, срца и насмеани лица.
На фотографиите и видеата се гледа како сопружниците си разменуваат нежности и бакнежи, покажувајќи дека меѓу нив сè уште има силна страст. Манекенката го следи Том на дел од концертите и редовно споделува со своите следбеници моменти од нивното патување, дружењето зад сцената и времето што го минуваат заедно надвор од настапите.
Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа во 2019 година, а нивната врска често е во фокусот на јавноста поради јавното покажување љубов и приврзаност.
Иако Том има концертни обврски, двајцата очигледно наоѓаат време еден за друг. Нивните најнови фотографии уште еднаш потврдуваат дека и по седум години во брак романтиката меѓу нив не исчезнала.
Во меѓувреме, турнејата на „Токио Хотел“ продолжува низ Европа, а Хајди очигледно не пропушта можност да биде покрај својот сакан.


