Модната креаторка Ивана Кнез повторно го сврте вниманието на социјалните мрежи. Овој пат на Инстаграм објави нова серија фотографии на кои позира во впечатлива комбинација што веднаш се издвојува.
Носи бунда, а под неа има боди, високи чизми и големи очила за сонце. Со својот препознатлив стил и самоуверен настап пред камерата, уште еднаш покажа дека не се плаши да експериментира со модата и да остави силен впечаток.
Ивана и порано знаела да изненади со необични и провокативни фотосесии. Пред извесно време позираше во крзнена бунда и високи потпетици на градежна локација, до мини-багер, што исто така привлече големо внимание.
Многу коментари предизвика и нејзината неодамнешна заедничка фотосесија со актерот и шоумен Игор Џамбазов покрај Дојранското Езеро, каде што двајцата прикажаа необични и провокативни кадри.
Кнез важи за една од најпрепознатливите модни личности на македонската јавна сцена, а нејзините креативни изданија често предизвикуваат реакции кај следбениците.
Таа беше и гостинка во емисијата „Fame Code“ со Стефан Крстевски на Хајп МК ТВ, каде што зборуваше за модата, креативноста и за својот професионален пат.
Очигледно, кога станува збор за модата, Ивана Кнез не избира сигурни решенија, туку секоја нова фотосесија ја претвора во различна приказна.


