Дали облеката навистина го дефинира индивидуумот или самодовербата е најважниот елемент во модата? Колку им значи на јавните личности носењето брендирана гардероба и каков став имаат за оние кои користат копии од познатите светски модни марки?
Тимот на Хајп Македонија присуствуваше на модниот викенд во Скопје, каде што разговараше со македонски јавни личности, модни дизајнери и познавачи од домашната сцена. Пред камерите, тие одговорија на интересни и провокативни модни прашања. Ги прашавме за ставовите на тие што носат фејк брендирана облека, дали облеката има своја фреквенција, како и во кои комбинации се чувствуваат најмоќно и самоуверено. Дополнително, откриваат како изгледа нивната подготовка пред важен настан и колку време им треба за избор на совршен стајлинг, заедно со тоа што никогаш не би облекле.
Меѓу соговорниците беа модната дизајнерка Христина Ѓорѓиева, Стефанија Насеска и други познати личности кои без задршка ги споделија своите модни размисли.
Дали брендираната облека навистина значи стил, дали носењето фејк парчиња е моден грев и што ги прави тие најсигурни во својата кожа?
Одговорите, ставовите и модните изненадувања можете да ги погледнете во новиот видео прилог на официјалниот ЈуТјуб канал на Хајп Македонија!


