in

Марија Спасовска го истрча првиот полумаратон во Солун и покрај силните болки

Младата пејачка Марија Спасовска сподели фотографии на социјалните мрежи, а потоа објави и краток влог снимен за време на нејзиниот прв полумаратон. Трката ја истрча во Солун, а пред почетокот откри што јадела и пиела: половина час пред трчањето, за појадок избрала банана, а за пијалак фредо еспресо.

Марија кажа дека досега немала истрчано повеќе од 13,14 километри, па ова ѝ било прво искуство на трка со подолга патека. Додека трчала, покажа и прекрасен поглед кон морето, кое ѝ било глетка за време на трката. Сепак, последниот километар ѝ бил особено тежок, бидејќи го минала по нагорнина, а не по рамна патека.

Најголемите проблеми започнале по 10. километар, кога почувствувала силни и остри болки во стомакот. Во тие моменти таа порача: „Едвај одам, а камоли да трчам… Не сакам да се откажам, ама ми се плаче од болка.“

И покрај болката, Марија одлучила накратко да се одмори од трчањето и да пешачи околу 100 метри. На крајот успешно ја завршила трката со насмевка на лицето, а според нејзините реакции, овој прв полумаратон веројатно нема да ѝ биде и последен.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мараја Кери под лупа на јавноста по настапите во Бразил

Словенија се повлекува од Евровизија 2027 поради финансиски тешкотии