Вечерва на небото ќе може да се забележи последната супермесечина за оваа година. Како и секоја супермесечина, и оваа е полна Месечина што ќе биде на најмало растојание од Земјата.
Се тврди дека овој феномен е поврзан со поголем ризик од земјотреси и вулкански ерупции.
Според проценките, оваа супермесечина ќе изгледа околу 14 отсто поголема и 30 отсто посветла од вообичаената Месечина. Во текот на една година има само три до четири супермесечини, а следната се очекува на 22 јануари 2027 година.
Оваа појава е позната и како Дабарова Месечина, име што доаѓа од северноамериканскиот фолклор и се поврзува со периодот кога дабарите ги зацврстуваат своите засолништа.
Исто така, годинава се очекува уште една супермесечина на 24 декември, наречена Студена Месечина, но засега не е познато дали ќе може да се види и кај нас.

