in

Следното целосно затемнување на Сонцето ќе се одржи во 2027 година – еве каде ќе може да се види!

На 2 август 2027 година, милиони луѓе ќе можат да присуствуваат на едно од највпечатливите природни настани – целосно затемнување на Сонцето.

Патеката на затемнувањето ќе помине низ делови од Шпанија, Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Саудиска Арабија, Јемен и Сомалија. Во овие области, Сонцето целосно ќе биде покриено од Месечината, создавајќи краток период на необична темнина во текот на денот.

Делумното затемнување пак, ќе биде видливо од поширок регион, што значи дека многу луѓе ќе можат да го видат овој редок феномен, иако нема да бидат на самата патека на целосното затемнување.

Целосните затемнувања на Сонцето се меѓу најимпресивните астрономски настани. Во моментот на тоталитетот, Месечината целосно го покрива Сонцето, а на небото може да се забележи неговата блескава корона.

Астрономите со нетрпение го очекуваат настанот, а одредени локации долж патеката се предвидува да привлечат многу посетители кои сакаат да го доживеат спектаклот одблизу.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Теа Трајковска во ново, провокативно и елегантно издание