in

Црн петок: вистинска заштеда или маркетиншка измама?

Црниот петок повторно доаѓа со големи најави за попусти, но и предизвикува дилема кај купувачите: дали навистина се штеди или се наседнува на маркетиншки трикови?

Иако многу продавници ветуваат намалувања и до 70 проценти, истражувањата покажуваат дека дел од понудите не се толку поволни како што изгледаат на прв поглед.

Тоа го потврдува и проверката на Европската комисија, спроведена за минатогодишните акции за Црн петок и Сајбер понеделник. Биле проверени 314 интернет-продавници, а кај 30 проценти од нив биле забележани неправилности во прикажувањето на попустите. Според правилата на Европската Унија, кога трговец објавува намалување, како референтна цена мора да ја користи најниската цена по која производот се продавал во претходните 30 дена.

Проблемот не е само во прецртаните цени. Инспекторите утврдиле и дека дел од интернет-продавниците користеле одбројувања и пораки дека производот наскоро ќе се распродаде, со што се создава притисок врз купувачите побрзо да одлучат.

Дополнителна анализа на 351 производ што биле рекламирани како понуди на Amazon за Црн петок и Сајбер понеделник во 2024 и 2025 година покажала дека 29,1 процент од нив за време на акцијата чинеле исто или дури повеќе од нивната најниска цена во претходните 30 дена. Тоа значи дека ознаката „попуст“ не секогаш гарантира вистинска заштеда.

За да препознаете дали попустот е реален, најдобро е да не купувате веднаш кога ќе видите висок процент на намалување. Проверете ја цената на производот во изминатите недели, споредете ја во неколку продавници и внимавајте на конечниот износ што ќе треба да го платите.

Црн петок може да биде добра можност за заштеда, но само ако производот навистина е поевтин од вообичаено и ако навистина ви е потребен. Во спротивно, наместо да заштедите, лесно може да потрошите пари за нешто што не сте планирале да го купите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Џесика Алба треба да му исплати уште 577.000 долари на поранешниот сопруг по разводот