in

„All I Want for Christmas Is You“ повторно на врвот и пред почетокот на празничната сезона

Иако новогодишната и божиќната сезона сè уште официјално не почнала, песната на Мараја Кери и оваа година веќе ги освојува слушателите низ светот. Нејзиниот безвременски хит „All I Want for Christmas Is You“ се искачи на првото место на дневната листа на Spotify во САД, со 935.863 преслушувања за само еден ден.

Според податоците за 22 ноември, песната напреднала од втората позиција и го презела врвот од другите песни на листата. На второто место е „Last Christmas“ на групата Wham, која бележи 935.119 преслушувања.

Разликата меѓу двата празнични хита изнесувала само 744 преслушувања, но песната на Кери сепак успеала да се пробие на првото место. Иако е објавена пред многу години, „All I Want for Christmas Is You“ секоја празнична сезона повторно се враќа на музичките листи, а и годинава потврдува дека за многумина божиќниот дух не може да започне без неа.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Судот во Мајорка му наложи на Швајнштајгер да плаќа 45.000 евра месечна издршка за тројцата синови