Македонскиот фотограф Бед Стеф беше дел од ексклузивен настан во Дубаи, организиран по повод првата годишнина од марката на Ким Кардашијан.
На настанот тој се појави заедно со инфлуенсерката Ања Бла, која е поранешна девојка на Бака Прасе, а на социјалните мрежи објави и фотографии и видеозаписи од своето присуство.
Посебно внимание привлече моментот кога на Бурџ Калифа беа прикажани името на марката и ликот на Ким Кардашијан. Настанот предизвика голем интерес, а појавувањето на Бед Стеф таму се вбројува меѓу неговите бројни меѓународни настапи.


