Уште само неколку дена нè делат од големиот концерт на балканската музичка ѕвезда Весна Змијанац, која на 28 ноември ќе настапи пред македонската публика во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Настанот е дел од нејзината голема турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“, со која пејачката одбележува половина век музичко творештво. Зад неа стојат децении успешна работа, многубројни хитови и песни што оставиле силен белег на регионалната музичка сцена и што и денес ги пеат различни генерации.
Големиот интерес за концертот во Скопје се потврди и со одлуката настапот да се премести од арената „Јане Сандански“ во поголемиот простор на арената „Борис Трајковски“. Промената е направена поради зголемената побарувачка и интересот на публиката, а датумот останува ист – 28 ноември.
Публиката ќе има можност во живо да ги слушне безвременските песни што ја обележаа кариерата на Весна Змијанац. Нејзините настапи се препознатливи по емотивната изведба, непосредниот однос со публиката и атмосферата во која хитовите се пеат заедно со неа.
Билетите сè уште се во продажба преку платформата Kupikarta.com, каде што заинтересираните можат да си обезбедат место.
На 28 ноември Скопје ќе биде домаќин на музичка вечер посветена на пет децении кариера на Весна Змијанац.


