in

Ајфони и луксузни парфеми во морето по потонувањето на бродот во Ормускиот Теснец

Неверојатни сцени од Ормускиот Теснец го привлече вниманието на јавноста, откако стотини кутии со ајфони, луксузни парфеми и друга стока беа видени како пловат по водата, по потонувањето на товарниот брод.

Бродот „GFS Pride“ пловел под знамето на Сингапур, а потонал по што бил погоден од непознат проектил, предизвикувајќи пожар. Според сингапурските поморски власти, екипажот бил безбедно евакуиран, а нема пријави за повредени.

Иранската Револуционерна гарда соопштила дека бродот удрил во поморска мина при минувањето низ неовластена рута во теснецот. Сепак, причината за потонувањето не е независно потврдена и инцидентот е опишан од властите како напад со непознат проектил.

Според првичните информации, бродот имал капацитет за околу 2.800 контејнери, а иранските власти тврдат дека превезувал повеќе од 2.500. На социјалните мрежи се појавија снимки од пакувања во морето, додека помали чамци се приближуваат до местото на инцидентот. Автентичноста на снимките не е независно потврдена.

Потонувањето се случува во период на зголемени тензии и напади врз комерцијалните бродови во Ормускиот Теснец, едно од најзначајните поморски рутии во светот за транспорт на енергенси и стока.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

15-метарска скулптура шокира во Бангладеш, создадена од пластичен отпад со важна порака!