in

Ако ви се случува ова во кревет – честитки, имате одличен се*с

Има јасни знаци кои укажуваат дека се е во совршен ред со вашиот сексуален живот.

Сексот е важен дел од секоја врска и колку и да кажат дека не е најважен, факт е дека, ако нешто не е во ред на тоа поле, ниедна врска нема да опстане.

А како знаеш дека сексот е добар? Едноставно, има работи кои многу јасно укажуваат на тоа. Како прво, самиот чин го достигнува својот врв дури кога и двајцата партнери, без двоумење, ќе можат максимално да уживаат во моментот.

Ова се три сигурни знаци дека имате одличен секс.

За време на сексот не се грижите за својот изглед

Водењето љубов е страстен момент во кој, за максимално да уживаме, целосно се предаваме на чувствата. Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква е нашата фризура и дали го гледаме целулитот. Доколку сте се препознале во оваа ситуација, знаете дека имате совршен секс.

Можете да му кажете што точно сакате

Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа совршениот секс го гарантира комуникацијата меѓу партнерите. Доколку не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или да го советувате за време на сексот како да ги изведува вашите омилени движења, знајте дека имате совршен секс.

По сексот се чувствувате опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и на лачењето на хормоните на среќа и задоволство. Но, ова важи само за страсниот секс каде што нема двоумење. Ако после секс не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате дека телото ви трепери и не можете да одолеете да бидете уморни, имате совршен секс.

Што мислите?

-3 Points
Upvote Downvote

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Оваа поза многумина ја сакаат, но подеднакво е непријатна и за мажите и за жените

Хороскоп за 19 февруари 2023