in

Рецепт за ќофтиња во бел сос: Неспоредлив ручек

Ако сакате да пробате нешто поинакво.

Повеќето домаќинки прават ќофтиња во сос од домати, но ако сакате да пробате нешто поинакво, на вистинското место сте.

Подготовката на ќофтиња во бел сос е многу едноставна, а доколку го следите овој рецепт , сигурно ќе добиете добар резултат.

Состојки:

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици презла
  • сол
  • бибер

состојки за сос:

  • 250 гр крем
  • 1 лажица брашно
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук
  • магдонос

Подготовка:

Во сад се ставаат месото, јајцето, ситно сечканиот кромид, брашното, зачините, презлата и магдоносот и се се меша.

Формирајте топчиња со влажни раце и испржете ги во тава или испечете ги во рерна ако сакате помалку да се шири мирисот и помалку да се користи масло.

За тоа време исечкајте го кромидот и лукот за сосот, па пржете го на малку масло додека да омекне. Кога кромидот ќе омекне, додадете го брашното и измешајте да нема грутчиња.

Истурете две или три чаши вода врз сè, а потоа оставете сè да се готви заедно.

Кога сосот ќе зоврие околу една шолја вода, додадете го кремот и сечканиот лук и промешајте да се растопи; потоа спуштете ги ќофтињата.

Оставете се заедно да врие уште пет минути, додадете зачини, па послужете.

Се може и накратко да се пече во рерна на 180 степени.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Месечен хороскоп за април 2023 година: Вага, Шкорпија, Стрелец, Јарец, Водолија, Риби!

Имате проблеми со спиењето? 9 совети за подобар сон