in

Денеска се одбележува МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА КАФЕТО – популарниот напиток на милиони

Денес, 1 октомври, љубителите на кафе во целиот свет го слават Меѓународниот ден на кафето, посветен на еден од најомилените пијалаци во светот.

За многумина, кафето е многу повеќе од само напиток; тоа е дел од утринските ритуали, краток одмор во работниот ден, повик за дружба со пријателите или мал дневен ритуал кој им прави задоволство.

Овој ден првично беше официјално одбележан во 2015 година и служи како прилика да се прослави кафето, но и да се подигне свеста за целиот процес зад него – од производителите и земјоделците, преку преработката и печењето, до баристите кои го сервираат.

Кафето се одгледува во повеќе од 70 земји, а најголемиот дел од производството е од Латинска Америка, Африка и Азија. За многу земјоделски семејства, продажбата на кафе е значаен извор на приходи.

Во светот, навиките околу пијачката се различни; некои го предпочитаат кратко и силно, додека други додаваат млеко, пена или шеќер. Традиционалните методи на подготовка на кафе и понатаму заземаат важно место во секојдневието во многу држави.

Без разлика дали сте фан на еспресо, макијато, капучино, филтер кафе или традиционално кафе, денес имате уште една причина да ја наполните вашата омилена шолја.

Ако не можете да замислите утрото без кафе, 1 октомври е вашиот ден за уживање во него!

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Започнува новата академска година, денеска е првиот академски час!

Сопругата на Мустафа Сандал под истрага за финансиски малверзации