Пејачката Ана Николиќ повторно привлече внимание откако на социјалните мрежи сподели дел од приватната преписка со поранешниот сопруг, кој ѝ се јавил по осум години.
Во последните денови, Николиќ беше во фокусот на јавноста поради јавната расправија со сопругата на Слободан Радановиќ, во која тврдееше дека поседува USB со компромитирачки материјал.
Таа сега ја обелоденила комуникацијата со поранешниот сопруг, во која тој се обидува повторно да воспостави контакт, прашувајќи ја како е и што прави. „Еј, жива ли си? Што има? Се сетив на тебе. Како се твоите и останатите?“, ѝ напишал тој.
Ана му одговорила со кратка, но директна реченица: „А кој сте вие?“. Потоа, таа ја споделила целата ситуација со своите следбеници на Инстаграм, упатувајќи му порака до поранешниот сопруг.
„Кога поранешниот сопруг ќе ти се јави по осум години… Таман си го пронашла својот мир, а тој се појавува од никаде. Психо! Ако го прочиташ ова, подобро сам блокирај се!“, напиша таа.

