in

Аријана Гранде се повлекува од јавноста по завршетонот на последниот концерт!

Аријана Гранде имаше емотивна вечер за време на последниот концерт од нејзината турнеја „Eternal Sunshine“, кој се одржа во лондонската „O2 Arena“. Пејачката не успеа да ги сокрие солзите, благодарејќи им на фановите за поддршката што ја добивала во текот на целата кариера.

По бројни настапи во САД, Канада и Велика Британија, овој концерт беше нејзиниот последен за оваа турнеја, и емоциите достигнаа врв кога се обиде да им се обрати на присутните. Публиката ја поддржа со громогласен аплауз, што го направи моментот уште поемотивен.

Завршувањето на турнејата доаѓа во време кога Гранде планира да направи пауза од јавниот живот. Нејзиниот тим потврди дека по концертите, таа сака да се повлече од дел од професионалните обврски и да се фокусира на приватниот живот, но не планира трајно да се збогува со музиката.

Фановите ја искусија последната вечер од „Eternal Sunshine“ како емотивно збогување со значајна етапа од нејзината кариера, а солзите на сцената сведочат за важноста на овој момент за Гранде, која зад себе остави уште една успешна светска турнеја.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Робот „Сјома“ во Русија реагира на туркање од купувач