Австралиската музичка индустрија спроведува нова иницијатива за да ја заштити човечката креативност во создавањето музика, во услови кога вештачката интелигенција сè почесто се користи за продукција на песни.
Австралиската асоцијација за музичка индустрија (ARIA) објави нов кодекс кој ќе помогне да се истакне важноста на човечкото потекло и авторскиот допринес во музиката.
Темата стана актуелна по случајот со новата версия на познатата песна „Like A Prayer“ од Мадона, која беше интерпретирана од австралискиот диџеј Џош Фаваз и постигна голем успех на листите.
Неговата песна достигна прво место на една од австралиските топ-листи и второ место на главната национална листа, со над 48 милиони слушања на Spotify.
Сепак, успехот беше оспорен откако се откри дека при нејзиното создавање е употребена генеративна вештачка интелигенција. По овие реакции, Фаваз ги ажурираше информациите за песната, нагласувајќи ја употребата на AI технологијата.
Овој случај повторно го отвори прашањето за транспарентноста во обележувањето на музиката создадена со помош на вештачка интелигенција.
Од ARIA истакнуваат дека новиот кодекс ќе помогне за јасност и ќе го зачува акцентот на човечкото создавање на музика во време кога технологијата зазема се поголемо присуство во индустријата.
Дебатата за AI-музиката сигурно ќе продолжи да се интензивира, особено со појавата на вакви дела на врвовите на музичките листи.


