Во вооружен инцидент за време на техно-забава во Арау, Швајцарија, загина 22-годишна девојка, а пет лица, четири мажи и една жена, на возраст од 24 до 27 години, се повредени. Сите повредени се швајцарски државјани.
Полицијата потврди дека напаѓачот или напаѓачите се уште не се пронајдени. После инцидентот, полицијата поставила безбедносна зона околу хиподромот, во близина на кој се одржувала традиционалната годишна техно-манифестација “Аруер Рејв”, на која присуствувале околу 3.500 луѓе.
Истрагата продолжува, а полицијата побарала од организаторите да ги предадат сите снимки за да помогнат во расчистувањето на случајот. Во акцијата е вклучен и воен хеликоптер, а властите упатија апел до граѓаните да избегнуваат подрачјето на инцидентот. Отворена е и посебна телефонска линија за очевидци кои можат да даваат информации.


