Романските обвинители повторно го отворија случајот против контроверзните интернет инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт, со нови сериозни обвиненија за трговија со малолетници, сексуални кривични дела и перење пари. Оваа истрага против браќата се води со години.
Според романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам, Ендру Тејт е обвинет за трговија со малолетници, сексуален однос со малолетно лице, како и перење пари и влијание врз сведоци. Тристан, неговиот брат, се товари за помагање во дел од делата, исто така за перење пари и влијание врз искази.
Обвинителите тврдат дека една од жртвите била регрутирана на 15 години, притоа уверена дека станува збор за романтична врска. Потоа, таа била пренесена во Романија и принудувана да создава порнографска содржина за онлајн бизнис со видеоразговори. Според романските власти, од активностите поврзани со неа заработени се повеќе од 1,2 милиони долари, при што браќата се обвинети за задржување на околу 80 проценти од приходот. Дел од средствата се сомнева дека биле прикривани преку купување на четири луксузни автомобили, чина вкупно 825.000 евра.
Во обвинението се спомнува и дека Ендру Тејт наводно имал сексуални односи со друго малолетно лице на 15 години, а Тристан е обвинет за соучесништво и знаење за возраста на оваа жртва.
Случајот против браќата Тејт се провлекува од нивното апсење во Романија во 2022 година. Претходното обвинение беше поништено во 2024 година поради правни неправилности, но истрагата продолжува и сега е резултирала со нови обвиненија.
Тие двајца ги негираат сите обвиненија, а нивниот адвокат изјави дека ќе ја разгледаат секоја точка од обвинението и ќе ги оспорат каквито и да биле недостатоци.
Во меѓувреме, Ендру и Тристан Тејт се наоѓаат во САД, каде соочува со постапка поврзана со барањето на Велика Британија за нивна екстрадиција поради одделни обвиненија за сексуални кривични дела.

