Македонскиот музичар Васил Ангелов постигна значаен меѓународен успех, освојувајќи го првото место според оценките на стручното жири на познатиот музички натпревар „Echo of Nomads“ во Киргистан.
Ангелов ја претставуваше Македонија на оваа важна меѓународна сцена, каде што 21 изведувач од 20 земји се натпреваруваа.
Натпреварот е дел од културната програма на Светските номадски игри и собира музичари од целиот свет со цел да ја претстават различната традиција и култура преку музиката.
Според официјалните резултати, првото место му припадна на Васил Ангелов, второто на Жасмин Тлеумбетова од Казахстан, а третото место го споделија Тами Мбата од Јужна Африка и Нго Чау Ан од Виетнам. Наградата Гран-при ја освои Нурдөөлөт Деркембаев од Киргистан.
Овој успех ја истакнува македонската музичка сцена и потврдува дека нашите уметници успешно може да ја претставуваат земјата на меѓународно ниво.

