in

Брзо пред матичар: Оженетите мажи имаат поздраво срце и помал ризик од „тивок срцев удар“

Студијата која ги следела податоците за здравствената состојба на 6.800 пациенти покажала дека оженетите мажи имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, но таков тренд кај жените нема.

Мажите кои никогаш не стапуваат во брак имаат двојно поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести отколку оние кои се обврзуваат да бидат со некого „во добро или во лошо“. Ова го покажала студија во која научниците ги споредиле податоците за брачниот статус и здравјето на 6.800 пациенти.

Резултатите покажуваат дека постои врска помеѓу тоа дали личноста е во брак и прогнозата поврзана со здравјето на срцето. Имено, мажите кои биле сингл и имале срцева слабост имале 2,2 пати поголем ризик од смрт во рок од пет години во споредба со женетите мажи – изјави на презентацијата д-р Катарина Лејба од Универзитетот во Колорадо, една од авторките на истражувањето на резултатите од студијата пред Конференцијата на Американскиот колеџ за кардиологија.

Таа сугерира дека една од причините може да биде тоа што оженетите мажи имаат поголема веројатност да се придржуваат до терапијата, да прават редовни прегледи и генерално да живеат поздрав живот.

Од друга страна, нема докази дека брачниот статус влијае на развојот по срцев удар кај жените.

Како што нашата популација старее и живее подолго, за нас е важно да откриеме како можеме на луѓето да им пружиме најдобра поддршка, а сега се чини дека не е сè во препишување лекови – додаде д-р Лејба. Таа додаде дека кога лекарите размислуваат за пациентите, тие мора да размислуваат не само за медицинските фактори на ризик, туку и да го стават сето тоа во контекст поврзан со начинот на кој живеат.

Патем, некои претходни студии покажаа и дека стапувањето во брак го продолжува животот и го зголемува здравјето, особено кај мажите. Веројатно е дека живеењето со брачниот другар го намалува чувството на осаменост и ги намалува проблемите со менталното здравје, што помага да се намали ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања и рак.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ИМ ОДОЛЕЕ: Жените родени во овој знак имаат неверојатна МОЌ

Овие три знаци ќе најдат љубовта на пролет: Доаѓа романса