Да беа добри, немаше да бидат бивши, е позната реченица со која многумина од нас ќе се согласат. Сепак, понекогаш се провлекуваме во примамливиот свет на познатото, го тргаме каменот од срцето и се впуштаме во авантура со бившиот…
Бившите би можеле да ги класифицираме во две категории: оние што ги блокираме на социјалните мрежи и вртиме глава кога ќе ги сретнеме на улица и оние со кои одвреме-навреме разменуваме страсни пораки во раните утрински часови.
Врската со втората категорија на бивши е доста опасен терен во кој се поставува дискутабилно прашање:
Дали сексот со бившиот е добра идеја?
Пред да одлучиме да имаме секс со бившиот, треба да си поставиме неколку прашања.
Има ли надеж дека сексот ќе резултира со обновување на врската која одамна беше осудена на пропаст? Дали сме осамени и копнееме по физички допир? Дали се обидуваме да најдеме утеха во личноста која не повредила?
Без разлика на тоа која е нашата мотивација, треба да бидеме сигурни дека сексот со поранешниот партнер нема да биде мазохистички потфат туку пријатна авантура која ќе ни ја подигне самодовербата и ќе ни даде сексуално задоволство.
Ронда Ричардс Смит, психотерапевт и експерт за врски, истакнува дека не треба да се осудуваме себеси доколку се појави желба за секс со поранешен партнер. Многумина од нас се врзани за бивши, но треба да бидеме многу внимателни во таа врска.
Пред да се согласите повторно да го споделите вашето тело со таа личност, застанете и размислете за тоа. Врската заврши со причина, па зошто да размислувате за враќање на сексот? Сексот со бившиот е интересен и возбудлив, но имајте на ум дека понекогаш може да биде опасен, вели Смит.
Во таа ситуација најважно е и двајцата да имате исти цели. Има примери, вели Смит, кога поранешните партнери споделувале фантазии за обновување на нивната врска, па сексот бил најдобрата опција. Од друга страна, некои поединци со години се заглавени во личното верување дека на другиот му е гајле – кога во реалноста тоа не беше случај.
Зошто се враќаме кај бившите?
Секој од нас сака авантура на познато тло. Сексот со бившиот е докажана активност во која нема срам или изненадување. Голема удобност е кога се чувствуваме осамено, а знаеме дека сексот ќе биде одличен бидејќи ги знаеме преференциите, телото и навиките на поранешниот партнер. Колку и да се интересни и возбудливи новите сексуални авантури, многу од нас повеќе ќе уживаат во докажаното задоволство што бившиот ќе го внесе во нашите животи.
Посебно е опасно да се впуштаме во сексуални односи со бившиот ако имаме чувства кон него. Обично мислиме дека истата личност не може двапати да не повреди, но тоа е далеку од вистината. Друга опасност што ја истакна Смит е бариерата помеѓу сегашноста во која сте несреќни и потенцијалната врска што може да ве чека зад аголот.
Еден од проблемите со сексот со бившиот е тоа што вашиот поранешен има место во вашиот живот. Значи, ако се впуштите во секс со таа личност, тоа ја одложува можноста да барате партнер кој би можел да ве задоволи во сите области, вели Смитова.
Замислете дека секој викенд одите во град и се обидувате да најдете некој со кој ќе го споделите вашиот живот, а на пат кон дома талкате во креветот на бившиот. Тоа создава емоционална бариера помеѓу вас и можноста за целосна љубов кон која се стремите и заслужувате.



GIPHY App Key not set. Please check settings