in

Дали вашиот партнер постојано ве нервира? Научниците открија зошто е тоа така

Заклучокот од истражувањето објавено во списанието „Social Psychological and Personality Science“ е дека, кога сме под стрес, се фокусираме на негативните квалитети на нашите партнери, а не на позитивните.

Минатите студии покажаа како „животниот“ стрес може да влијае на односот со партнерот, но и на нашето однесување. Ова укажува како стресниот живот може да влијае на тоа како партнерите ќе комуницираат и ќе се гледаат еден со друг.

Но, оваа студија нагласува уште една точка; стресот може да влијае и на она што прво го забележуваме, како на пример фактот дека вашиот партнер ве нервира, критикува и нема трпение.

– Откривме дека луѓето кои постојано искусуваат многу стрес надвор од врската, како проблеми на работа, почесто забележуваат негативни работи за својот партнер – вели докторката Лиза Неф.

За време на студијата, Неф и колегите следеле 79 нововенчани хетеросексуални партнери кои 10 дена пополнувале прашалници секоја вечер и го снимале своето и однесувањето на партнерот. Пред студијата, тие зборуваа и за количината на стрес во нивните животи.

Откриле дека оние кои неодамна поминале низ стресен период се особено свесни за секојдневните промени кај партнерот во вид на негативно однесување и веруваат дека нивниот партнер внесува негативност во врската во тие 10 дена, доколку резултатите се споредат со испитаници кои не се под стрес.

Новите парови ќе се фокусираат на позитивното однесување, а не на негативните на нивните партнери, но тоа трае се додека трае фазата „меден месец“.

Истражувањата откриваат дека еден стресен ден нема да влијае на личноста да се фокусира на негативните особини на партнерот. Станува збор за акумулиран стрес кој често ќе влијае на промената на правецот на вниманието.

За многу луѓе, изминатите години беа многу тешки, а стресот поврзан со пандемијата сè уште е присутен. Ако партнерите под стрес се фокусираат на негативните аспекти на партнерот, тоа сигурно ќе влијае на врската.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кошмар на секој турист: Како да ги избегнете џепчиите додека патувате?

Петте најчести причини зошто привлечните луѓе имаат тенденција да бидат сингл