Освен што дава неописливо чувство на задоволство, сексот е многу здрав за човечкото тело, но дали некогаш сте се запрашале кое време од денот е најдобро за водење љубов?
Многу луѓе сакаат да го практикуваат прво наутро, некои се ноќни типови, но според порталот Healthy најдобро време за тоа е околу 15 часот.
Хормоните играат голема улога во сексот, а во текот на денот ги достигнуваат своите подеми и падови. Излегува дека тие го достигнуваат својот врв околу 15 часот. Хормоналната синхронизација со партнерот може да доведе до уште попријатен секс, вели експертот за хормони Алиса Вити.
За жените, тоа е време кога сè уште имаат многу кортизол хормони кои носат енергија за сексуален однос, а мажите имаат опаѓање на нивото на тестостерон што ги прави емотивно поприсутни за време на сексот.
За мажите добро е и наутро
Вити вели дека клучот за задоволувачки секс е партнерите да најдат начин да ја искористат својата хормонална самосвест за да планираат попаметно за подобар секс.
Сепак, според Вити, добро време за секс е и утрото, бидејќи тогаш е највисоко нивото на тестостерон кај мажите. „Мажите се повеќе заинтересирани да иницираат секс во овој период и се поспособни за подобри сексуални перформанси“, заклучува Вити.



GIPHY App Key not set. Please check settings