in

Данска традиција: На 25 години без брак, пријателите ќе те затрупаат со цимет!

Замислете го вашиот 25. роденден, но наместо уобичаената прослава со торта и подароци, пријателите да ве врзат за бандера и да ве опсипат со цимет. Оваа необична традиција постои во Данска.

Според данскиот обичај, оние кои го прославуваат својот 25. роденден без да бидат во брак, доаѓаат до неочекувана роденденска прослава, каде пријателите ги врзуваат за столб и ги затрупуваат со цимет. Овој обичај е особено популарен во регионот Јитланд, но не се применува од сите Данци.

Но зошто токму цимет? Корените на овој необичен обичај не се сосема разјаснети, но едно од најчестите објаснувања го поврзува со старите трговци со зачини, кои поради честите патувања останувале немажени. Од оваа традиција, со текот на времето, се развиле различни обичаи поврзани со зачини и брачниот статус.

Ако некој мисли дека 25 години е крај на „зачинетата“ прослава, се лажат. Во Данска постои и сличен обичај за 30. роденден. Доколку личноста и тогаш не е во брак, циметот може да биде заменет со бибер, а прославата да вклучува и голема импровизирана мелница за бибер или други шеговити украсувања.

Затоа, за некои немажени и неожиданети лица, 25. роденден во Данска може да биде најзачинетиот во нивниот живот. Ова не е закон, туку народен обичај и шега меѓу пријателите, а начинот на кој се практикува варира.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Храброста на 22-годишната Ана Накова од Кочани во Естонија

ИКОНИЧНА ФОТОГРАФИЈА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ОД ЕНИ ЛАЈБОВИЦ ДЕНЕС СТРУИ СТРАСТ