Портрет на Мајкл Џексон, снимен од познатата фотографка Ени Лајбовиц во крајот на 1980-тите, продолжува да биде една од најзабележителните насловни страници на списанието „Vanity Fair“. Оваа фотографија, објавена во декемвриското издание на 1989 година, го прикажува Кралот на попот во бела кошула, што ја симболизира неговата ера.
Во тоа време, Џексон веќе беше една од најзначајните музички звезди во светот, со огромен успех зад себе, спектакуларни настапи и иновативни музички видеа. Неговиот уникатен танц и стил оставија длабок траг во поп-културата, а „Vanity Fair“ ја опиша фотографијата како иконска, избрана од читателите за најдобра во историјата на списанието.
Фотографијата беше направена во момент кога Џексон сиот блескаше на светската поп-сцена, а неговото влијание надминало само музиката, проширувајќи се во модата и визуелниот идентитет на уметниците. Повеќе од 20 години подоцна, читателите повторно ја избрале како најдобра насловна страница помеѓу стотината други изданија.
И по три децении, сликата на Џексон продолжува да биде симбол на ерата кога Кралот на попот не беше само музичка ѕвезда, туку и глобален феномен познат низ целиот свет.


