in

Дизелот достигна 101,5 денари: Бензините исто така поскапуваат!

Од полноќ, малопродажните цени на горивата ќе се зголемат, со просечно повишење од 2,62 отсто во споредба со минатата недела.

Најзначајно поскапување е забележано кај дизелот, каде цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 денари, достигнувајќи 101,50 денари за литар.

И бензините ќе поскапат: ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 95,93 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 98,95 денари. За двата типа бензини зголемувањето е 1,50 денари за литар.

Оваа корекција на цените е резултат на повисоките референтни цени на нафтата на глобалниот пазар. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се зголемени во просек за 3,795 отсто, додека дизелот за 4,842 отсто. Цената на екстра лесното масло се зголемува за 3,958 отсто, а најзначително поскапување има кај мазутот, со зголемување од 6,467 отсто.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кристијано Роналдо од Париз: „Иднината само што започнува“ – каде што се појави фудбалската ѕвезда!

Јелена Карлеуша и Цеца во жесток судски спор: “Несреќа е што си била кратко во затвор!”