Ако видите жена која ви се допаѓа и има книга во рацете, побрзајте по неа. Таква можност не се пропушта. Токму таа книга ќе ви каже многу за неа. Тие се чувствителни, одговорни, забавни…
Книга во рака покажува дека некој знае квалитетно да го помине слободното време. Таквите луѓе живеат со часови во светот на ликовите од книгите и се среќни иако немаат друштво. За партнер кој работи до доцна, ова може да биде одлично бидејќи знае дека неговата сакана добро се забавува, а не и е досадно.
Истражувањата покажаа дека луѓето кои сакаат да читаат, особено фантазијата, се обидуваат да разберат што предизвикало одреден лик од книгата да се однесува на одреден начин и со тоа да станат посимпатични. Тоа несвесно го практикуваат и во нивните животи.
Жените кои уживаат во читањето имаат и подобри аналитички вештини. Ова е добро за секојдневно справување во животот, бидејќи таквите луѓе се подобри во анализата на одредена ситуација и наоѓање подобро решение за некој проблем.
Исто така, жените кои сакаат да читаат се полни со информации, знаат јасно и концизно да објаснат што сакаат и се совршени за квизови. Тие се гладни за живот, полни се со приказни и разни искуства, желба за забава… Ќе ви биде многу интересно со таква жена бидејќи таа секогаш ќе сака нешто ново.
Таа сака да биде дел од настаните во светот, нејзиниот град, улицата… Луѓето кои читаат почесто гласаат, посетуваат културни настани и се повеќе ангажирани во својата заедница.
Таа ќе ве слуша внимателно и лесно е да и се најде подарок
Ако може да поминува часови и часови читајќи, веројатно ќе има трпение и интерес внимателно да слуша сè што ќе и кажете. Освен тоа, лесно е да и се купи подарок. Нема да морате многу да размислувате што да и подарите за роденден, Божиќ, годишнина… Добрата книга секогаш ќе биде нејзиниот најдобар подарок.
Таквата жена добро се сеќава на деталите. Ќе се сети кој ти е омилен пијалок, кога е роденден на мајка ти, што сакаш, а што не… Животот со неа ќе биде полесен затоа што ќе се сети, на пример, да купи тоалетна хартија на пат кон дома. .
Покрај тоа, замислете како понекогаш лежите еден до друг на каучот и читате книги, секоја своја. Во секој случај, тоа е подобро отколку постојано да гледате телевизија или да играте компјутерски игри. Ако никогаш не сте читале претерано, таа ќе ве мотивира, пренесува The Huffington Post.



GIPHY App Key not set. Please check settings