in

Двајца загинати и многу повредени по експлозија во воена касарна во Боливија

Во боливискиот град Вјача, на околу 30 километри од Ла Паз, се случи силна експлозија во воен објект, при што загинаа најмалку две лица, а десетици се повредени.

Експлозијата, која се случи во петокот околу 14:30 часот по локално време, е предизвикана од пиротехнички материјал, конкретно огномети кои беа дел од залихите на Министерството за одбрана. По инцидентот, на местото веднаш пристигнаа пожарникари, полиција и медицински екипи, а спасувачите започнаа со пребарување.

Според последните информации, 14 лица се водат како исчезнати, а експлозијата предизвика значителна штета и во околните куќи.

Надлежните органи моментално испитуваат причините за експлозијата и дали материјалот бил соодветно складиран. Се предупредува на можен ризик од нови експлозии, поради присуството на извор на топлина на местото на инцидентот, а жителите се советувани да се оддалечат од зоната.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кендал Џенер во винтиџ фустан на црвениот тепих во Венеција

Tesla објави дека хуманоидниот робот Optimus ќе биде во продажба во 2027 година, животот ќе се промени драстично!