Кендал Џенер повторно ги привлекува погледите со својот избор на облека, овој пат на Венецијанскиот филмски фестивал.
Манекенката се појави на премиерата на филмот Wild Horse Nine, облечена во впечатлив винтиџ фустан од модната куќа „Giorgio Armani“ од колекцијата есен/зима 1995 година, кога Џенер исто така е родена.
Фустанот, во сјајна златна боја, беше надополнет со впечатлив накит, што повторно потврдува дека винтиџ модата задржува значајно место на светските црвени теписи.
Појавата на Џенер во Венеција беше една од најзабележителните модни моменти на овогодишниот фестивал, кој освен филмовите, традиционално привлекува внимание и со гламурозните комбинации на познатите.
Венецијанскиот филмски фестивал годинава трае од 2 до 12 септември, а црвениот тепих останува местото каде светските ѕвезди ги покажуваат своите највпечатливи стилови.

