д-р. Параскеви Димитриади, специјалист по козметичка гинекологија и член на Европското здружение за естетска гинекологија, вели дека оваа рутина е прилично едноставна. Таа сподели неколку совети.
Ова се Кегелови вежби кои помагаат да се подобри протокот на крв низ карличните мускули и да се зголеми нивната чувствителност, со што се овозможува поголемо задоволство за време на сексуалниот однос, вели Пипа Марфи , експерт за секс и врски од Велика Британија.
Таа додава дека се’ повеќе луѓе ги практикуваат овие вежби затоа што не само што се добри за поголемо сексуално задоволство , туку помагаат и за одржување на уринарната континенција, односно ги „држат работите под контрола“.
Иако многумина мислат така, овие вежби не се наменети само за жени. И мажите имаат карлица, нели? Дневните Кегелови вежби ќе го подобрат вагиналното подмачкување и општата сексуална возбуда кај жените, додека мажите ќе имаат поцврста ерекција поради подобар проток на крв во препоните. Исто така ќе им олесни на двата пола да постигнат оргазам – објаснила таа.
Дизајнирани се од гинекологот д-р Арнолд Кегел за побрзо закрепнување на мускулите по породувањето и за лекување на инконтиненција.
Тие се изведуваат така што замислувате дека ја стискате вагината околу тампон или го запирате мокрењето, ова помага да се лоцираат насочените карлични мускули. Експертите од Харвард советуваат дека е важно да не го задржувате здивот во текот на целата рутина, а пожелно е оваа вежба да се повторува 30 до 40 пати во текот на денот, во неколку наврати. И не заборавајте да го испразните мочниот меур пред да вежбате – објаснила Пипа Марфи.
Тоа е мускулот „musculus pubococcygeus“, кој уште се нарекува и „љубовен мускул“, а неговата форма наликува на банана. Се наоѓа во просторот од срамната коска до сакрумот (централниот дел на карлицата). Со контракција на овој мускул, го запираме потокот за време на мокрењето.
д-р. Параскеви Димитриади , специјалист по козметичка гинекологија и член на Европското здружение за естетска гинекологија, вели дека оваа рутина е прилично едноставна. И таа сподели неколку совети.
Пример за едноставна Кегел вежба би било да легнете, да ги ставите стапалата рамно на подот со свиткани колена и да вдишете. Потоа издишете додека се концентрирате на вовлекување на долните стомачни мускули и затегнување на мускулите околу уретрата и вагината. Кога ги собирате мускулите, задржете го тоа чувство околу три секунди пред да го ослободите и повторите, советува таа.
Нејзината препорака е да се обидете да ја изведете оваа вежба десет пати одеднаш. Исто така, обидете се да не го стискате стомакот во исто време кога ги стискате карличните мускули.
Во вашата рутина можете да вклучите и кегел топки со тегови или јајца од Јони – додаде таа.



GIPHY App Key not set. Please check settings