Актерката Ева Лонгорија беше дел од настанот „Вкусот на тенисот“ во Њујорк кој го најави почетокот на тенискиот турнир US Open.
Актерката со висок дух пристигна на црвениот тепих во елегантен црн мини фустан со јакна со длабоко деколте што продолжуваше до половината за да ја нагласи линијата.
Фустанот е дело на дизајнерката Рејчел Гилберт, изработен е од жакард ткаенина и има волуменозни ракави и кристално копче кое дава дополнителна доза на гламур. Цената на фустанот „Малеа мини“ е 1.095 долари, односно 67.702 денари.
Смелиот фустан актерката го спои со црни проѕирни сандали . Косата ја врза во високо опавче, а изгледот го комплетираше со златни огрлици и елегантни висечки обетки.
Изданието и послужи на Ева Лонгорија како пауза од бројните проекти на кои работи пред и зад камерата. Меѓу другото, нејзиното режисерско деби, филмот „Flamin’ Hot“ , моментално е во постпродукција.



GIPHY App Key not set. Please check settings