in

Еве што се случува со вашето тело кога ќе претерате со кафето

Откријте ги сигналите кои вашето тело ви ги испраќа кога ќе ја надминете оптималната дневна доза.

Кафето е одлична помош во пресрет на новиот ден, но ако пиете премногу кафе ќе ви направи повеќе од неколку проблеми. Научете да ги препознавате знаците што телото ви ги дава за да ви каже дека претерате.

1. Полумесечини на ноктите

Една од контраиндикациите за консумирање кофеин е тоа што ја намалува нашата способност за апсорпција на железо, што е многу вредно за борба против анемијата и за подигање на нивото на енергија.

Ако пиете премногу кафе, вашето тело нема да може да ја произведе вистинската количина на црвени крвни зрнца.

Анемијата, меѓу другото, може да се открие токму со присуството на мали полумесечини кои ги имаме во основата на ноктите. Ако многу се намалиле, тогаш време е барем на кратко да се откажете од кафето, пишува Нови лист.

2. Не можете да заспиете

Еден од најчестите симптоми на оние кои консумираат многу кофеин е проблеми со спиењето.

Имено, кофеинот е корисен токму поради тоа што не држи будни, но тоа не значи дека е здрав. Всушност, лошата рутина за спиење може да го комплицира вашето здравје на многу начини, вклучувајќи го и здравјето на срцето.

Практичен совет е целосно да го исклучите кафето после вечерата или непосредно пред вечерата.

3. Нервозни сте без причина

Ако консумирате премногу кофеин, тоа може да влијае на вашиот централен нервен систем до степен да предизвика вознемиреност или неконтролирана нервоза.

Ако се чувствувате малку возбудено по шолја кафе, застанете и размислете дали има нешто што навистина ве мачи, ако не, можеби пиете премногу кафе.

4. Непријатност во стомакот

Кафето е делумно кисела храна со лаксативно дејство.

Затоа, многу е веројатно дека ќе го попречи нормалното функционирање на вашите црева или едноставно ќе предизвика непотребна непријатност.

Во случај после шолја кафе да почувствувате дека вашиот стомак реагира на друга доза, можеби е време да престанете. Запомнете и дека кафето го стимулира мокрењето, затоа избегнувајте го доколку имате некакви проблеми со уринарниот тракт.

5. Чести главоболки

Бидејќи кафето го поттикнува мокрењето, тоа значи и дека може да доведе до делумна дехидрација. Во овие случаи, може да добиете главоболка.

Бидете внимателни бидејќи многумина може да ве советуваат да пиете кафе за да ја ублажите болката. Иако овој совет има вредност, во некои случаи може да ја влоши ситуацијата.

Ако се сомневате, испијте голема чаша вода.

6. Стареење на кожата

Кафето, меѓу другото, е и антиоксиданс, односно помага во елиминирање на слободните радикали во телото. Слободните радикали се одговорни за физичко влошување и можат да го забрзаат стареењето.

Сепак, кафето влијае и на колагенот, кој ја одржува кожата мека и затегната.

Ако навистина сакате да го зголемите внесот на антиоксиданси, можете да пробате ѓумбир, лук или калинка.

Кофеин: пријател или непријател?

Всушност, според некои истражувања, пиењето 3-4 шолји кафе на ден може да се покаже како многу корисно за вашето тело, особено затоа што кофеинот не е единствената состојка во кафето, туку има многу хранливи материи кои можат да бидат корисни за здравјето.

Сепак, лесно е да се претера. Затоа, обрнете внимание на тоа колку кафе пиете и на знаците кои можат да укажуваат на тоа дека претерувате.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ОВОЈ ДАТУМ ВО ФЕВРУАРИ Е ОПАСЕН, НЕ ДОНЕСУВАЈТЕ БРЗИ ОДЛУКИ: Еве на кого му претстои пеколен период

Психолозите тврдат дека оваа боја на постелнина не е добра за спиење