WARNER Bros објави нов трејлер за Барби, филмот во режија на Грета Гервиг. Покрај Маргот Роби како Барби, во трејлерот ги гледаме Дуа Липа и Иса Рае како другите Барбики и Рајан Гослинг како Кен.
Покрај розовата куќа од соништата и кабриолет, прикажана е и љубовната приказна на Барби и Кен.
„Мислам дека можеби ќе останам вечерва“, вели Кен.
„Зошто?“, возвраќа таа.
„Затоа што сме девојче и момче“, одговара Кен.
„И што направи? таа продолжува со прашања, на кои Кен вели: „Всушност, не сум сигурен“.



GIPHY App Key not set. Please check settings