in

Фудбалерот Џон Перласа суспендиран осум години по напад со камен врз судија во Еквадор

Во Еквадор се случи тежок инцидент на фудбалски натпревар, по кој фудбалерот Џон Перласа доби една од најдолгите суспензии во овој спорт. Тој е казнет со осумгодишна забрана за учество во фудбалски активности откако нападнал помошен судија со камен.

Инцидентот се случил на 17 октомври, на натпреварот меѓу Сиудад де Јанца и Рио Агуарико. Во 96. минута, кога Перласа бил на клупата за резервни играчи, фрлил камен кон судијата Ленин Џовани Охеда Нуњес и го погодил директно во лицето.

Поради сериозноста на повредите, судијата морал да биде опериран, а се проценува дека закрепнувањето ќе трае околу 60 дена. По нападот, натпреварот бил прекинат.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Еквадор му изрекла суспензија на Перласа до 19 октомври 2034 година. Федерацијата најави и дека ќе побара од ФИФА казната да биде проширена и да важи на меѓународно ниво.

Клубот Сиудад де Јанца е казнет и со 2.000 долари, а треба да ги плати и медицинските трошоци на повредениот судија, кои изнесуваат 4.369,73 долари.

Од клубот соопштиле дека веднаш ја прекинале соработката со фудбалерот и упатиле јавно извинување до судиската екипа и до фудбалската јавност.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Весна Змијанац на 28 ноември ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје