Скопје на 28 ноември ќе биде домаќин на голема музичка вечер, кога легендарната Весна Змијанац ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ во рамките на својата турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
Поради огромниот интерес и по три распродадени арени, организаторите одлучија концертот да се пресели во поголем простор. Настапот првично беше најавен во арената „Јане Сандански“, но локацијата е сменета поради големата побарувачка за билети. Датумот останува ист, а сите што веќе купиле влезници не мора да се грижат, бидејќи тие ќе важат и за новото место на одржување.
Оваа година Весна Змијанац одбележува 50 години на музичката сцена. Зад себе има голем број песни што оставиле силен печат во регионалната музика и со години се пеат од генерација на генерација.
Организаторите очекуваат концертот во Скопје да биде посебно искуство, исполнето со емоции, носталгија и нејзините најпознати песни. За оние што сè уште немаат билети, продажбата продолжува преку kupikarta.com.
На 28 ноември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што ќе се одбележат пет децении музика, песни и кариера на една од најголемите пејачки во регионот.


