in

Каде живеат момците со најголемите, каде оние со најмалку „гордост“

Онлајн аптека Од Марс – платформа за машко здравје – врз основа на податоци од Google, утврди како стојат поединечните нации според просечната големина на пенисот – погледнете ја листата.

Просечната големина на пенисот варира од земја до земја. Иако се покажа дека просечната должина на пенисот пораснала за 24 отсто, малку се земјите каде што среќниците живеат со „алат“ кој е поголем од тоа, покажува списокот што го составил Online pharmacy From Mars, т.е. онлајн платформа за машко здравје, која користела податоци од Google, за да го одреди новиот светски поредок.

Тие ги разгледаа податоците за големината на ерекцијата во 80 земји и открија дека момците кои живеат во Еквадор имаат пениси со должина од околу 17,61 см во просек. Тоа е околу 10 проценти, или околу 1,76 см, повеќе од просечната должина.

На момците од Камерун, Боливија, Судан и островите Хаити им оди добро. Африканските земји се претежно во Топ 10, додека Холандија е единствената европска земја чии машки претставници постигнале висок успех врз основа на нивните мерки.

Фармацевтот Навин Косла, кој ја прегледал студијата, вели дека повеќето луѓе во одреден момент од животот се прашуваат дали припаѓаат на нација со што да покажат.

– Големината на пенисот има огромно влијание врз самодовербата и позитивната слика за себе – додава тој.

Собраните податоци беа искористени и за да се утврди каде живеат мажите со најмали пениси . На таа неславна страна на вагата „води“ Камбоџа, со просечна ерекција од само 10,04 сантиметри.

Некои економски силни нации се на многу слаби места – на пример, Британците се на 66-то место, со просек од 13,13 сантиметри, САД се на 59-тото место, со просек од 13,58 сантиметри, Германија е на 39-тото место, со просек од 14,52 сантиметри.

Сепак, треба да се нагласи дека оригиналната студија се потпира на податоци кои испитаниците сами ги измериле и пријавиле, па не е исклучено некои мерења да бидат непрецизни, бидејќи сопствениците сакале малку да „измамат“.

Навин вели дека големината можеби нема да биде толку важна на крајот.

– Факт е дека секој сопственик на пенисот повеќе ќе се грижи за неговата големина отколку неговите сексуални партнери – заклучува тој.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Лејди Гага: Банкротирав по турнејата и не ни знаев

Се намалува водата во каналите во Венеција